СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 23 и 24 јуни годинава извршил две кривични дела „тешка кражба“.
На 23.овој месец на ул.„Благоја Паровиќ’’ во Скопје, пријавениот заедно со уште едно лице скршиле странично стакло на паркирано такси возило и одзеле пари.
Следниот ден на ул.„Струмичка“ во Скопје, пријавениот, исто така, на такси возило скршил странично стакло и одзел пари.
Веднаш потоа, тој бил лишен од слобода.
