Уапсени се двајцата браќа Бојку во голема полициска акција во струшко Велешта, јавуваат повеќе медиуми. Акцијата е спроведена од Отсегот за потраги и специјалците „Тигри“.
Едниот од нив се бараше за издржување на затворска казна од 21 година, а другиот поради поседување на оружје.