Пред неколку дена во гаража на станбена зграда во Нов Белград беше пронајден арсенал оружје. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата уапсила две лица, од кои едното ја изнајмило гаражата каде било пронајдено поголемо количество оружје.
„Полицијата уапси две лица, од кои едното изнајмило гаража каде било пронајдено поголемо количество оружје. Тие биле лишени од слобода кога се обиделе да побегнат од Србија. Продолжува натамошната работа за расветлување на вмешаност на други лица и мотиви , и затоа нема да го објавиме идентитетот на уапсените“, рече министерот Дачиќ.
Да потсетиме, на 26 септември припадници на МВР во Белград во гаража во Нов Белград пронајдоа поголемо количество оружје и мини-експлозивни направи.
