Новинарот на тајна задача Ахмед Хусеин Суале, кој истражувал корупција во фудбалот, убиен е во предградие на главниот град на Гана, Акра. Хусеин-Суале е убиен откако еден пратеник повика на одмазда против новинарот. Непознати мажи на мотоцикли трипати пукале во новинарот, кој бил дел од истражувачката група Окото на тигарот.
Хусеин-Суале додека беше на тајна задача објави текстови кои доведоа до укинување на Фудбалскиот сојуз на Гана. Би-Би-Си во 2018 година сними документарен филм за скандалот, откако доби пристап до истрагата што ја водеше контроверзниот новинар Анас Аремајав, кој раководи со Окото на тигарот. Откако Би-Би-Си го емитуваше филмот, пратеникот во Парламентот на Гана, Кенеди Агјапонг објави фотографија од Хусеин-Суале и повика на одмазда против новинарот.