Полицијата во Мериленд трага по осомничениот за убиството на судијата кој беше застрелан пред неговиот дом, а подоцна почина во болница во четвртокот, јавува Би-Би-Си.
Полицијата ја идентификуваше жртвата како 52-годишниот Ендрју Вилкинсон од Окружниот суд во Вашингтон.
Органите на редот трагаат по 49-годишниот Педро Арготе, кој е вооружен и опасен. Се верува дека мотивот на Аргот бил борбата за старателство над неговите две деца, која и била доделена на неговата поранешна сопруга.
Судијата претседаваше со случајот за развод на осомничениот и одржа рочиште во четвртокот наутро.
Ендрју Вилкинсон бил пронајден на патеката од неговиот дом со прострелна рана. Во исто време дома биле сопругата и синот на судијата.Вилкинсон стана судија во 2020 година откако работеше како адвокат повеќе од 20 години.