Свет

Убиени над 5.700 руски војници, тврди Украина

Убиени над 5.700 руски војници, тврди Украина

Украинските воени претставници тврдат дека 5.710 руски војници биле убиени во првите пет дена од интензивните борби во земјата.

Во видео порака објавена на Фејсбук, портпаролот на Генералштабот на земјата додаде дека над 200 руски војници се заробени од украинските сили.

Официјалниот претставник исто така тврди дека се уништени 198 руски тенкови, 29 авиони, 846 оклопни возила и 29 хеликоптери.

Би-Би-Си не може самостојно да ги потврди овие тврдења, но Министерството за одбрана на ОК верува дека силите на Москва претрпеа големи загуби за време на инвазијата на Украина.

Во неделата, властите во Москва беа принудени да признаат дека нивните сили претрпеле жртви, откако неколку дена тврдеа дека ниту еден руски војник не бил убиен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни