Средношколците в петок ќе излезат на протест против онлајн наставата. Одлуката беше донесена едногласно на Централното собрание на Сојузот на средношколци, а на протесниот марш ќе учествуваат ученици од сите градови во земјата. Од Сојузот велат дека доколку наставата за средните училишта се одвива сам онлајн,а не и комбинирано тогаш тие ќе го бојкотираат образовниот процес.
Сѐ уште не се знае во колку часот ќе биде протестот, но ќе известиме навреме, велат од Сојузот. Додаваат дека ќе се потрудат во маршот да ги вклучат сите родители и наставници кои се „за“ моделот за комбинирана настава.
Ходаи вели дека настојуваат за комбинирана настава поради неефикасноста на онлајн наставата, нестандардизацијата на оценувањето на учениците, каде просекот на некои ученици пред да биде воведена онлајн наставата пред коронавирус им бил 2.4, а на крајот на годината завршиле со 4.7.
.
