Понеделник е. Земрије и Мелиса наместо да се на училиште да учат, одат кај пријателка за да учат заедно. Во недостиг на книги, ги повторуваат старите лекции. Велат дека им недостасува училиштето и пријателките и дека не знаат што се случува.
Анеса вели дека често оди да ја земе помалата сестра од училиштето Његош, и сама се враќа дома бидејќи нема паралелка на албански јазик каде што таа ќе може да следи настава.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски им вети реновирање на објектот каде што привремено ќе одржуваат настава. Отидовме таму но вратата беше затворена и не најдовме никого.
Министерот за образование и наука, Арбр Адеми вели дека објектот е привремено решение и декка новото училиште во Идризово ќе се изгради во најбрз можен рок.
Октомври е, а 11 деца од селото Идризово се уште не ја почнаа учебната година. Владата одлучи во Идризово да се гради ново училиште, но се уште нема решение до тогаш каде ќе следат настава овие ученици.
