Директорката на средното медицинско училиште, Маја Салиу рече дека родителите добро го пречекале скринингот и немало тешкотии во текот на добивањето дозволи за тестирање.
Сите тестирани средношколци се негативни на Ковид-19. Ова се првите резултати од скринингот во училиштата.
Од Министерството за здравство не откриваат детали во врска соскринингот сè додека процесот целосно не заврши. Според планот, во текот на следните денови ќе се тестираат скоро 8.200 ученици во над 470 училишта во земјава. Скринингот прво ќе се спроведува во средните, а потоа и во основните училишта.
Целта е рана детекција и евентуално откривање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 меѓу учениците. Со релевантни податоци ќе с е добие целосна слика за трансмисија на вирусот во училиштата.