„Било какво учество на политичката партија Алтернатива во една ваква Влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија“, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски.
Мицкоски посочи дека не сака да се меша во работењето на другите политички партии бидејќи тоа е политички некултурно.
„Не сум во тек со содржината од разговорот меѓу Заев и Гаши. Нашиот став е јасен, оваа влада е најкорумпираната влада во изминатите 30 години и ја закова Македонија на дното според перцепцијата за криминал, односно е на врвот според степенот за криминал и корупција. Нашата држава е 111 и е најкорумпирана во Европа. Ние сме држава која има нејнеконкуренто образование поради катастрофалните реформи, состојбата во здравството е ужасна и како држава ние сме во првите три според бројот на лица што го загубиле својот живот заради неспособност на владата да се справи со ковид пандемијата. Катастрофата во енергетскиот сектор од 1-ви ќе ја почувствуваме и на сопствениот џеб, или да заклучам, било какво учество на политичката партија Алтернатива во една ваква влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија, и јас не сакам да се мешам во работењето на другите политички партии бидејќи тоа е политички некултурно“, изјави Мицкоски.