Училишните клупи останаа празни – први септември годинава се падна на први октомври

Училиштата низ Европа и Балканот, редовно ја започнаа учебната година на 1 септември. Престојот во училиште веќе не е ист како порано. Тука се низата правила и препораки поради корона вирусот. Миење раце, носење маска, држење дистанца, се само дел од мерките кои учениците ќе мора да ги почитуваат за време на нивниот престој во училиште. Во Италијанските училишта ќе бидат поставени маси за еден ученик. Маска ќе мора да се носи при влегување и излегување од училиштето, не и на час. Во Шпанија ќе биде задолжително да се оди на училиште и сите деца над шест години ќе мора постојано да носат маска и да си ги мијат рацете пет пати на ден. Телесната температура ќе се мери секој ден. Франција денеска ги отвори училиштата и сите ученици над 11 години мора да носат маска во секоја прилика. Присуството на наставата е задолжително. Овој први септември сликата кај нас е поинаква.

„Овој први септември училишните дворови останаа празни. Го нема детските насмевки и џагор, нема училишно ѕвонче, а училишните врати останаа затворени. Учениците од основните и средните училишта денес трбаше да го означуваа старот на новата учебна година. Но, пандемина со корона вирусот си го направи своето“, истакна репортерката на ТВ1.

Власта најави дека школската година ќе почне на 1 октомври. Некој ќе следи настава на училиште, некој пред компјутер. Родителите и учениците со различни ставови за начинот на кој треба да се одвива наставата. Надлежните смируваат. Со почитување на препораките ќе има позитивни резултати.

„Ова состојба не е избор, таа е нужност и е во интерес на задравјето и ништо друго. Ова мора да се разбере и да се пичитува од сите. Состојбата нема да трае вечно, се поблиску сме до надминување на оваа состојба, пронаоѓање на вакцина и со тоа постепено нормално враќање на животот во нормала, но дотогаш мора да се навикнеме на сите овие нови правила на живот, на работа, на дружење и на учење. Се може да се надокнади, но здравјето и животот не можат“, изјави Венко Филипче.

Министерката за образование, Мила Царовска соопшти дека учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што има условите ќе се реализира со физичко присуство.

„На општините и училиштата им даваме можност  да организраат он лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко прустсво во училиштата. За успешна реализација на учењето на далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите“, посочи Мила Царовска.

На родителите им останува еден месец да ги подготват децата за заминување во училиште. Учениците кои ќе следат настава со физичко присуство ќе треба да се навикнат на пртоколите според последната одлука на владата. Мерење температура при влез, дистанца помеѓу децата и наставниците, контрола и дисциплина при одење во тоалет се само дел од новите протоколи кои ќе бидат  голем предизвик за вработените во училиштата и за децата.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното