Основното училиште „25 Мај“ во Сингелиќ уште во 2014 година достави иницијатива до Општината Гази Баба за промена на името. Од „25 Мај“ училиштето треба да се преименува во „22 Ноември“, датум поврзан со албанската историја. Иако, официјално и понатаму го носи името „25 Мај“, сепак во службена употреба е познато како Основно училиште „22 Ноември“. Директорот на училиштето, Фадиљ Муртезани, вели дека на последниот разговор, градоначалникот Борис Георгиевски, им рекол дека немаат доволен број гласови. 14 гласа се на ВМРО-ДПМНЕ, 12 на СДСМ и еден глас на Беса. Но, Муртезани не верува дека пречка се гласовите. Според него, ВМРО-ДПМНЕ дала „амин“ за промена на името, меѓутоа општината ја одолговлекува работата.
„Имаме постојани разговори со градоначалникот на општината. Не е против, меѓутоа не знам зошто го утврдат дневниот ред на Општинскиот совет, базирајќи се на фактот дека нема гласови. 14 гласа се на ВМРО-ДПМНЕ, 12 на СДСМ и еден глас на Беса. Вели дека тоа е причината, но јас не мислам така, бидејќи ВМРО не е против . И претходниот градоначалник се согласи со ова име, но не знам зошто општината не дава согласност за постапката да може да продолжи“, изјави Фадиљ Муртезани, директор на ОУ „25 мај“.
Министерот за образование пак, Арбр Адеми, не даде конкретен одговор – дали и кога ќе биде променето името на училиштето. Вели дека не сака да создава тензии.
„Образованието, училишните објекти, имињата на училиштата и образувањето на нашите деца не треба да бидат дел од дневните политики и создавање тензии. Имињата на училиштата треба да ја одразуваат волјата на заедницата каде се наоѓа училиштето, волјата на менаџментот, колективот на училиштето, учениците, родителите итн“, изјави
Околу ова прашање, ТВ21 побара, но сѐ уште очекува одговор од општината Гази Баба. Инаку, за време на денешната посета на ОУ „Васил Главинов“, министерот за образование, рече дека за реконструкција на училиштата и салите, годинава од Буџетот се одвоени 2.4 милијарди денари.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ
