Црногорските власти објавија „војна“ на нелегалното коцкање. По стапувањето на сила на новиот, поригорозен Закон за игри на среќа во август 2025 година, државните институции започнаа координирана акција за чистење на пазарот од диви оператори.
Министерството за финансии на Црна Гора соопшти дека инспекциите се интензивирани, а резултатите се веќе видливи на терен.
Биланс на акцијата: Запленети терминали и кривични пријави
Во последниот бран контроли, инспекторите влегле во четири објекти за коцкање, при што се откриени неправилности кај три оператори. Епилогот е:
- Зпленети се вкупно 11 предмети (четири терминали за обложување и седум апарати за игри на среќа).
- Отворени се правни постапки во соработка со Управата за игри на среќа.
Случаите сега се преземени од полицијата и државниот обвинител, кои истражуваат дали е сторено кривично дело, додека привремено одземените машини се под клуч на Управата за државен имот.
Стоп за малолетници во обложувалниците
Освен ловот на нелегални апарати, акцијата има и силен социјален аспект. Инспекцијата за игри на среќа, рамо до рамо со Управата на полицијата, врши засилени патроли за да го спречи влезот на деца во овие објекти.
„Целта е да се засили заштитата на децата и младите“, велат од Министерството.
Властите во Подгорица испратија јасна порака до сите приредувачи на игри на среќа: „Контролите ќе продолжат, а секое прекршување на законот ќе биде строго санкционирано“.
