Македонија

УХМР предупредува: Следува период на локално невреме, поројни дождови и силен ветер

УХМР предупредува: Следува период на локално невреме, поројни дождови и силен ветер

До крајот на оваа седмица не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но и денови со сериозна дестабилизација на атмосферата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најкритични денови: Вторник, петок и викендот

Според синоптичарите, во вторник, петок и во деновите од викендот се очекуваат поинтензивни процеси. На повеќе места ќе има појава на:

  • Локален пообилен пороен дожд (над 20 л/м²);
  • Грмежи и електрични празнења;
  • Силен ветер со брзина од над 70 км/ч, кој краткотрајно ќе биде во форма на невреме.

Дополнително, во среда и во следните неколку денови ќе почне да дува засилен северен ветер, чија брзина ќе надминува 50 километри на час.

Какво ќе биде времето во Скопје?

Во главниот град и околината се очекува слично време – променливо со сончеви периоди во текот на денот. Сепак, во попладневните часови, во делови од Скопската Котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Од УХМР препорачуваат поголема претпазливост при престој на отворено, особено за време на најавените попладневни дестабилизации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни