Украдени 30.000 денари од маркет во Скопје

На 01.12.2018 година во 22.00 часот било пријавено дека во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет. Притоа, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Извор: ТВ21