Свет

Украина бара „итно“ пристапување во Европската унија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Европската унија „итно да ја прими Украина“ во блокот.

„Апелираме до Европската унија итно да ја прими Украина со нова процедура“, рече Зеленски во својата најнова видео порака.

„Ние сме им благодарни на партнерите што стојат со нас. Но, нашата цел е да бидеме со сите Европејци и да бидеме еднакви со нив. Сигурен сум дека го заслужуваме тоа. Сигурен сум дека тоа е можно“, додава Зеленски.

Зеленски рече дека во неделата разговарал со претседателите на Португалија, Литванија, Франција и Полска, како и со премиерите на Белгија, Шпанија и Обединетото Кралство.

„Поддршката на нашата антивоена коалиција е безусловна и без преседан“, рече Зеленски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни