Украина ги затвора своите граници кон Русија и Белорусија, објави вечерва украинскиот премиер Денис Шмихал.
Во видео изјава објавена на Телеграм, Шмихал рече дека почнувајќи од понеделник, 28 февруари, само на украинските граѓани ќе им биде дозволено да преминат од Русија и Белорусија во Украина.