Украинските војници го нападнале центарот на Белгород, при што ги убиле првите две деца, изјави шефот на регионот, Вјачеслав Гладков.
– Вооружените сили на Украина го гранатираа центарот на Белгород. Според првичните информации, има две мртви деца и неколку повредени – напиша Гладков на својот канал Телеграм и додаде дека при нападот неколку гранати го погодиле станбениот сектор.
Нападот се случил околу 15:00 часот по локално време, по што црн чад се издигнал над центарот на градот.
— Pluton (@Pluton45873221) December 30, 2023
Некои воени блогери наведуваат дека една од гранати паднала на лизгалиштето кое се наоѓа во центарот на градот на плоштадот Парламент.
Белгород наводно бил мета и во текот на претходниот ден.
— Pluton (@Pluton45873221) December 30, 2023
– Повеќе од 60 згради и околу 30 автомобили се оштетени во Белгород како резултат на масовното украинско гранатирање во петокот вечерта – изјави претходно Гладков и додаде дека еден човек загинал кога граната погодила приватна куќа.
Исто така, како што напиша на Телеграм, откриени се оштетувања на градскиот водовод.
— Pluton (@Pluton45873221) December 30, 2023
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана во петокот вечерта уништиле 13 проектили над територијата на регионот Белгород.
Белгород се наоѓа на приближно 25 километри од украинската граница и е дом на повеќе од 300.000 луѓе.
Да потсетиме дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот, Русија изврши невиден воздушен напад врз градовите низ Украина. Мета беа Киев, Харков, Николаев, Одеса, Дњепропетровск, Лавов…