Свет

Украина го слави националниот празник под вонредни безбедносни мерки

Украина го слави националниот празник под вонредни безбедносни мерки

Денеска се навршуваат шест месеци од почетокот на војната,
Украина го слави државниот празник – Денот на независноста. Денеска се навршуваат шест месеци од руската инвазија на земјата.

На 24 август 1991 година беше усвоена декларација со која Киев се одвои од тогашниот Советски Сојуз.

Денеска во главниот град на Украина се воведени вонредни безбедносни мерки поради опасноста од руски напади врз цели во Киев. Властите во главниот град ги забранија големите јавни собири до четврток.

Пред празникот, претседателот Володимир Зеленски вети цврст одговор на секој руски напад на Денот на независноста.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни