Свет

Украина го загуби борбениот авион МиГ-29, пилотот се катапултираше

Украина го загуби борбениот авион МиГ-29, пилотот се катапултираше

Вчера украинските воздухопловни сили загубија борбен авион МиГ-29 додека извршуваа борбена мисија во регионот Полтава. Пилотот успеал да се катапултира и е безбеден. Губењето на леталото го потврдија воздухопловните сили, пишува Украинска правда.

Според официјалното соопштение, пилотот воспоставил контакт со службата за пребарување и спасување по катапултирањето. Кратко потоа, тој бил префрлен во медицинска установа на преглед.

Губењето на леталото се случило истата ноќ кога Русија изврши голем напад со беспилотни летала врз Украина. Воздухопловните сили објавија дека биле лансирани 129 беспилотни летала, од кои 113 биле соборени или неутрализирани од системи за електронско војување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни