Свет

Украина испраќа 500 тони брашно во Сирија

Украина испраќа 500 тони брашно во Сирија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја испратила 500 тони пченично брашно во Сирија како хуманитарна помош.

Зеленски изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“, која Киев ја започна во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации.

Планирано е брашното да се подели на 33.250 семејства, односно меѓу 167.000 луѓе, во текот на неколку недели.

Секој пакет е тежок 15 килограми и може да прехрани петчлено семејство еден месец, рече Зеленски.

По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој беше близок руски сојузник, Зеленски рече дека Украина сака да ги обнови односите со Дамаск, пренесе Ројтерс.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни