Свет

Украина ќе евакуира цивили преку 10 хуманитарни коридори

Украина ќе евакуира цивили преку 10 хуманитарни коридори

Украинските власти денеска ќе евакуираат цивили преку 10 хуманитарни коридори, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

– На 9 април се договорени 10 хуманитарни коридори. Од Мариупол до Запорожје ќе може да се патува со личен превоз. Во Запорожје ќе може да се тргне од Бердјанск, Токмак, Енергодар и Мелитопол и со приватен превоз и со автобус. Ќе се изврши евакуација од Северодоњецк, Лисичанск, Попаснаја, селото Горскоје во Луганската област и Рубежне до градот Бахмут, напиша Верешчук на социјалната мрежа Телеграм.

Рускиот генерал Михаил Мизинцев, началник на центарпот за одбрана на Русија, вчера истакна дека „Москва е подготвена да распореди хуманитарни коридори во секоја насока во Украина што е можно поскоро“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни