Свет

Украина: Русија ќе ги донесе терористите на ИСИС во Украина

Украина: Русија ќе ги донесе терористите на ИСИС во Украина

Михаил Подољак, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, тврди дека Русија има за цел да го спроведе „сириското сценарио“ во пракса со доведување на терористите на ИСИС во Украина.

Подољак, на својот профил на Твитер тврди дека, „Руските власти објавија дека 16.000 поранешни милитанти на ИСИС биле набрзина ангажирани да се употребат против украинските цивили во Украина“, пишува Подољак.

Рускиот министер за одбрана Шојгу на состанокот на Советот за безбедност изјави дека 16.000 „доброволци“, главно од Блискиот исток, се пријавиле да се борат против украинската армија.

Владимир Путин исто така наредил „борците доброволци“ да бидат на руска страна за да бидат транспортирани во зоните на конфликтот во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни