Руската армија, која ја нападна Украина, загубила 15 илјади 800 војници, 108 авиони, 124 хеликоптери и 530 тенкови.
Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 24 март.
Според тоа, загинаа 15.800 војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 108 авиони, 124 хеликоптери, 530 тенкови, 1597 оклопни возила, 280 топови, 82 системи за лансирање ракети и 47 системи за противвоздушна одбрана на Русите.
Руските сили загубија и 1.033 возила, 4 лесни глисери, 72 возила со гориво и 50 дронови.