Свет

Украина: Руската армија загуби 353 тенкови, 57 авиони и 83 хеликоптери

Украина: Руската армија загуби 353 тенкови, 57 авиони и 83 хеликоптери

Руската армија, која ја нападна Украина, загубила 353 тенкови, 57 авиони и 83 хеликоптери.

Украинскиот Генералштаб сподели податоци за загубите на руската армија од 24 февруари до 11 март.

Според тоа, загинаа повеќе од 12 илјади војници од руската армија што ја напаѓа Украина, уништени се 57 авиони, 83 хеликоптери, 353 тенкови, 1165 оклопни возила, 125 артилерија, 58 системи за лансирање ракети и 31 систем за противвоздушна одбрана на Русите.

Руските сили изгубија и 558 возила, 3 лесни глисери, 60 возила со гориво и 7 летала во Украина во последните 16 дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни