Украина: Руската армија загуби вкупно 24.200 војници

Украинскиот Генералштаб во соопштението за загубите на руската армија од 24 февруари до 3 мај објави дека руската армија која ја нападна Украина загубила уште 400 војници во последните 24 часа.

„Руската армија загуби вкупно 24.200 војници, а од руската армија се уништени 194 авиони, 155 хеликоптери, 1062 тенкови, 2.567 оклопни возила, 475 топови, 162 системи за лансирање ракети и 80 системи за противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението.

Руските сили изгубија и 1.843 возила, 10 бродови и лесни глисери и 291 беспилотно летало.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март, беше објавено дека 1.351 руски војник загинале во Украина.