Украина: Руските сили држат како заложници речиси 400 цивили во Мариупол

Украинската вицепремиерка Ирина Верезук објави дека руските сили држат како заложници околу 400 цивили во Мариупол.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешук во изјава рече дека руските сили отвориле оган од градската болница што ја зазедоа вчера.

Наведувајќи дека Русите отвораат оган и им се закануваат на цивилите кои сакаат да го напуштат градот, Верешук рече: „Околу 400 цивили, вклучително и медицински персонал, се држат како заложници во болницата“.

Повеќе од 2.500 цивили ги загубија животите во нападите на руската армија врз градот Мариупол.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното