Свет

Украина: СБУ издаде потерници за Захаровa и Медведев

Украина: СБУ издаде потерници за Захаровa и Медведев

Украинската безбедносна служба СБУ издаде потерница за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, се наведува во денешната ажурирана база на податоци на украинското Министерство за внатрешни работи.

Фотографија од Захарова се појави на веб-страницата за лица по кои трага украинското Министерство за внатрешни работи, пренесе ТАСС.

Во придружната белешка се наведува дека таа се товари според член 110, дел 3 од Кривичниот законик на Украина (повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина од страна на лице кое ги застапува властите и предизвикува сериозни последици).

Украинското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека СБУ издала потерница по заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, кого Киев го обвини за задирање во територијалниот интегритет на Украина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни