Свет

Украина: Убивме чеченски генерал

Украина: Убивме чеченски генерал

Украинскиот дипломат и поранешен амбасадор во Австрија, Олександер Шерба, на Твитер објави дека чеченскиот генерал Магомед Тушаев бил убиен во Украина.

„Рускиот генерал од Чеченија Магомед Тушаев нема да се врати дома од Украина. Што изгуби во Украина, Магомед, а?“, напиша тој на Твитер.

Според извори на Канал 24, украинската армија разнела ешалон од 56 руски тенкови. Таму бил и убиениот генерал, командант на 141 моторизиран полк на руската чеченска гарда.

Чеченскиот лидер: Украинци, соборете ја вашата влада

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како чеченските борци во Грозни се подготвуваат да заминат за Украина. Чеченија порано војуваше со Русија, но сега е под контрола на режимот на Путин.

Рамзан Кадиров, лидерот на руската провинција Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека чеченските борци се распоредени во Украина и побара од Украинците да ја соборат нивната влада.

Кадиров рече дека чеченските војници досега не претрпеле загуби, додавајќи дека руските сили лесно можат да ги освојат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат загуби во човечки животи.

https://twitter.com/disclosetv/status/1497183703935688733?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497183703935688733%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fukrajina-ubili-smo-cecenskog-generala%2F2342975.aspx

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни