49-годишниот Украинец, Серхиј К., осомничен за координирање на нападите врз гасоводите „Северен тек“, е уапсен во северна Италија врз основа на европска потерница издадена од германските власти. Според достапните информации, осомничениот е поранешен член на украинската тајна служба и специјалните сили на украинската армија, објавува „Скај њуз“.
Иако украинската влада постојано негира каква било вмешаност во експлозиите, сè уште не е познато дали осомничениот бил на активна должност во времето на нападот врз гасоводот во 2022 година.
Ed ecco finalmente le immagini, diramate dal Comando dei Carabinieri di Rimini, relative all'arresto di Serhii Kuznietsov, il 49enne ucraino che avrebbe coordinato l'operazione “Diameter” per il sabotaggio del Nord Stream nel settembre del 2022.
— Notizie al contrario (@not_contro) August 22, 2025
Il soggetto è stato arrestato la… pic.twitter.com/yZ4Ojampyo
Детали за апсењето на одмор
Серхиј К. бил пронајден во триѕвездениот хотел „Ла Пескача“ во Сан Клементе, во близина на Римини, каде што бил на одмор со сопругата и двете деца. Италијанските карабинери извршиле претрес во неговата хотелска соба, а тој не се спротивставил на апсењето.
Извори блиски до истрагата велат дека неговиот бунгалов бил претресен и дека персоналот на хотелот бил испрашуван, но не се пронајдени дополнителни докази или оружје.
Тој пристигнал на италијанскиот брег претходно оваа недела, преминувајќи ја границата во вторник во автомобил со украински регистарски таблички. Тој патувал користејќи го својот пасош и се пријавил во хотел под неговото вистинско име, што автоматски активирало предупредување на полициските сервери. Еден од неговите четири членови на семејството имал патна исправа издадена во Полска.
Ги отфрлил сите обвиненија
По апсењето, Серхиј К. бил префрлен во затвор во Болоња, каде што чека одлука за неговата екстрадиција. Иако заменик-обвинителката на Болоња, Личија Скаљарини, го одобрила германското барање, осомничениот изјавил пред судот дека се спротивставува на екстрадицијата, што би можело да го одложи целиот процес.
За време на рочиштето, тој ги отфрлил сите обвиненија, тврдејќи дека бил во Украина во времето на саботажата. Тој рекол дека дошол во Италија од семејни причини.
Судот објави дека следното рочиште ќе се одржи на 3 септември, кога ќе се донесе одлука за неговата екстрадиција. Дотогаш, тој останува во притвор. Додека ја напуштал судницата, им покажал на собраните медиуми трозабец, симбол на украинскиот национален идентитет.
За што го обвинуваат?
Тој е обвинет во Германија за заговор за предизвикување експлозии, неуставна саботажа и уништување на клучна инфраструктура. Германските обвинители се сомневаат дека тој бил дел од група што поставила експлозивни направи на гасоводи во близина на данскиот остров Борнхолм во септември 2022 година.
Според обвинението, Серхиј и неговите соучесници испловиле од германското пристаниште Росток со едрилица за да го извршат нападот, кој сериозно оштетил три цевководи што транспортираат руски гас до Европа.
Поширок контекст и други истраги
Нападот врз Северниот тек претставувал значителна ескалација на конфликтот во Украина и дополнително ја продлабочил енергетската криза во Европа. Иако извештајот на американските разузнавачки служби од 2023 година укажувал на проукраинска група, никој официјално не ја презел одговорноста.
Италијанските медиуми известуваат дека обвинителството во Џенова побарало од своите колеги во Болоња информации за уапсениот Серхи. Имено, обвинителите за антитероризам истражуваат можна саботажа на танкерот „Сиџевел“, кој припаѓа на руската „флота во сенка“ и потонал во февруари во близина на пристаништето Савона, и сакаат да утврдат дали постои врска помеѓу двата случаи.