Украинските сили вратија околу 20 отсто од територијата што ја загубија во градот Северодонецк за време на битките со руската армија, изјави шефот на источниот регион Луганск, пренесе Ројтерс.
„Иако порано ситуацијата беше тешка, процентот (го држеше Русија) беше некаде околу 70 отсто, сега ги отфрливме за околу 20 отсто“, рече Сергиј Гајдаи на националната телевизија.
