Свет

Украинската полиција: Убиството на Парубиј било внимателно испланирано

Украинската полиција: Убиството на Парубиј било внимателно испланирано

Шефот на Главната управа на Националната полиција во регионот Лавов, Александар Шљаховски, денес изјави дека убиството на поранешниот претседател, Андреј Парубиј, било внимателно испланирано.

„Јасно е дека злосторството било многу внимателно испланирано. И криминалецот многу внимателно се подготвувал за негово извршување“, рече Шљаховски на брифингот за медиумите, пренесува Укринформ.

Како што изјави, во тек е анализа на видеонадзорните камери по должината на рутата на приближување и заминување на убиецот, како и идентификацијата и испрашувањето на сведоците и очевидците, со цел да се добијат целосни информации што би помогнале во идентификацијата на убиецот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни