Голем број земји ветија дека ќе испратат вкупно 321 тенк во УКРАИНА, изјави денеска украинскиот амбасадор во Франција на телевизијата БФМ, без да прецизира која земја колку парчиња од ова тешко вооружување ќе испрати.
„Неколку земји официјално го потврдија договорот за испорака на вкупно 321 тежок тенк на Украина“, изјави Вадим Омелченко, амбасадор на Украина во Франција, во интервју за француската телевизија БФМ.
Меѓу другите, на Украина и беа ветени американски тенкови М1 Абрамс и германски леопарди. „Условите за испорака се различни за секој случај и ни треба оваа помош што е можно поскоро“, додаде тој.
Омелченко не даде анализа за бројот на тенкови по земја.