Украинците објавија видео: „Со риболовна прачка соборуваме руски дронови“

Воиниците од 46. воздушно-јуришна бригада на украинската армија осмислиле необичен, но ефикасен начин за соборување руски дронови – користејќи стап за риболов монтиран на сопственo беспилотнo летелo.

На снимката што ја објави бригадата се гледа како украински дрон од типот Mavic е опремен со рибарски стап и конец, на чиј крај има мал тег што служи за одржување на затегнатоста. Со оваа техника веќе успешно биле соборени најмалку два руски квадрокоптери, пишува Euromaidan Press.

Се вчитува...

Методата е едноставна: украинскиот дрон му приоѓа на рускиот одозгора, а рибарскиот конец се заплеткува во елисите на роторот. Тоа предизвикува губење контрола и пад на непријателскиот дрон.

Ограничувања на методата

На истата снимка е прикажан и неуспешен обид за пресретнување на брз „камиказa“ дрон од типот Molniya, што покажува дека методата е помалку ефикасна против побрзи или аеродинамично поразлични летелки.

Иако изгледа како импровизација, принципот на кинетичко пресретнување на дронови не е нов и се применува од средината на 2024 година, кога почна масовната употреба на FPV-дронови пресретнувачи. Претходните методи вклучуваа монтирање крути шипки на дронови за да се удри во пропелерите на непријателските летелки. Но таквите судири често доведуваа до пад на двата дрона – и метата и пресретнувачот.

Употребата на конец со тег претставува значително побезбедно решение. Конецот може да се одвои од дронот-пресретнувач по заплеткувањето во метата, со што рускиот дрон се соборува, а украинската летелка останува неоштетена.