Македонија

Умерено облачно – температурите до 18 степени

Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот со умерена, а во западните и југозападните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни