Уметничката палата во Лавов се претвори во центар за дистрибуција на помош
Импозантната уметничка палата во центарот на Лавов, пред само две недели, одржуваше настани и планираше гала вечери, а сега тоа е база за помош која доаѓа и се дава, најголемата од ваков вид во градот.
Лобито, како и салите се полни со купишта храна, облека, пелени, дури и храна за домашни миленици, јавува Би-Би-Си.
Овие резерви стигнаа преку границата од Полска, каде што испораките пристигнуваат во постојан тек од цела Европа.
Внатре во палатата има стотици волонтери, кои работат 24 часа на ден, додека пак надвор, групи Украинци, повеќето од нив со мали деца, се редат во ред за да ги добијат најпотребните работи.
Тие пополнуваат формулар за тоа што им треба, а потоа волонтер оди низ зградата и им ги зема продуктите.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни