Унгарските власти задржале седум украински државјани кои со оклопни возила пренесувале голема количина готовина и злато преку територијата на Унгарија, соопшти политичкиот директор на унгарскиот премиер, Балаз Орбан.
Според него, меѓу приведените имало и поранешен генерал на украинското разузнавање, а во возилата биле пронајдени околу 40 милиони американски долари, 35 милиони евра и девет килограми злато. Парите и златото, како што се наведува, биле транспортирани од Австрија кон Украина со две оклопни возила за транспорт на готовина.
Унгарската даночна управа започнала истрага за можно перење пари, по што седумтемина украински државјани биле протерани од земјата.
Според информациите што ги објави Орбан, случајот е дел од поширок феномен. Тој тврди дека од јануари годинава преку Унгарија кон Украина биле пренесени повеќе од 900 милиони долари, 420 милиони евра и 146 килограми злато.
„Оклопни возила полни со готовина и злато кои се движат низ Унгарија не се начин на кој обично функционираат легитимните финансиски трансакции“, напиша Орбан на социјалните мрежи.
Тој побара објаснување од украинското раководство за потеклото на средствата и нивната намена, нагласувајќи дека унгарските власти веќе покренале целосна истрага за случајот.
‼️ We demand answers from Ukraine’s leadership!
— Balázs Orbán (@BalazsOrban_HU) March 6, 2026
Photos show the so-called “Ukrainian gold convoy” operation.
Hungarian authorities detained seven Ukrainian nationals — including a former intelligence general — who were transporting $40 million, €35 million and 9 kg of gold… pic.twitter.com/PWUm82lqoE
