Свет

УНИАН: Украина се согласи да води нови разговори со Русија

УНИАН: Украина се согласи да води нови разговори со Русија

Украина се согласи да одржи нови разговори со Русија вечерва, објави УНИАН.

Украинската државна новинска агенција го цитираше пратеникот Дејвид Арахамија, кој ја предводи делегацијата на земјата.

Според информациите од Кремљ и руската страна е подготвена за понатамошни разговори вечерва.

Првите разговори меѓу Украина и Русија, одржани во понеделникот на белоруско-украинската граница, беа неуспешни.

Украинската делегација замина на местото на новите разговори и се очекува да пристигне утре, изјави шефот на руската делегација Владимир Медински, цитиран од ТАСС.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни