За време на нападот врз иранските воени објекти на 26 октомври, израелските воздухопловни сили го уништија целиот стратешки одбранбен потенцијал на Исламската Република, објави израелското воено радио „Галеј ИДФ“, повикувајќи се на безбедносни извори.
„Во нападот е уништен целиот стратешки одбранбен потенцијал на Иран, односно сите батерии на противвоздушни ракети со долг дострел. Иран имаше два такви модели – рускиот систем С-300 и уште еден модернизиран модел на иранско производство. Сите батерии беа уништени, како и радарите со долг дострел. Всушност, Иран сè уште има само домашно произведени системски батерии со краток дострел“, соопшти радиостаницата.
Како што е прецизирано, најголема штета на батериите за противвоздушна одбрана е предизвикана во Техеран и западен Иран, од каде претходно беа лансирани балистички ракети на територијата на Израел, пренесува Б92.
Според извори од израелската армија, „Иран го загубил стратешкиот потенцијал на ракети земја-воздух во следните две-три години“, бидејќи набавката на нови системи за противвоздушна одбрана е проблематична во сегашната ситуација, додека производството на новите ирански системи ќе им треба долго време. Се посочува и дека, според отворените податоци, Иран има над 2.000 балистички ракети со долг дострел. Се наведува и дека при израелскиот напад биле оштетени само капацитетите за производство на нови ракети, а не и постоечкиот арсенал.
Израелското воено радио тврди дека „и покрај различните вести и најави, не е направена никаква штета на иранската индустрија за беспилотни летала“.