Свет

Уништено складиште за муниција во централна Украина – Министерството за одбрана на Русија

Уништено складиште за муниција во централна Украина – Министерството за одбрана на Русија

Руските сили уништија складиште за муниција во воздухопловната база Мирород во централна Украина, објави новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го руското Министерство за одбрана.

Во нападот на базата во регионот Полтава, според портпаролот на министерството, Игор Конашенков, уништени се и ловец на украинските воздухопловни сили МиГ-29 и хеликоптер Ми-8.

Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Лунин, на социјалните мрежи изјави дека две лица се ранети и дека е предизвикана „значителна штета“ на местото.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни