Управувал велосипед со 3,64 промили алкохол во крвта – уапсен 41 годишен маж во Зајечар!

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Зајечар, за време на викендот, исклучија од сообраќај 41-годишен велосипедист кој возел со 3,64 промили алкохол во телото.

Покрај велосипедистот, сообраќајната полиција во Сокобања запрела и 22-годишна девојка во Бољевац која возела „Мазда“ со 1,52 промили алкохол, соопшти Полициската управа во Зајечар.

Возачите се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.