Урнебесна фотографија во Дубровник – не ја освоија цела плажа, туку ставија граници на нова држава

Интересни идеи за сенка на плажа се појавија на Фејсбук страницата „Дневна доза на просечниот Далматинец“ што ги насмева следбеници секој ден со нови урнебесни фотографии од Далмација.

Една од нив е фотографија од плажа во Штиковица насловена како „фактор на заштита 2250“.

Имено, станува збор за огромна тенда која зафатила добар дел од плажата, со цел да им донесе сенка на своите „архитекти“.

„Дали имате градежна дозвола?“, „Не да ја освоиле цела плажа, туку ставиле граници на нова држава“, „Колку е голем, може да се користи и за брзо тестирање на корона“, се само дел од смешните коментари.