Свет

Урсула фон дер Лајен: ЕУ ќе ја смета Москва одговорна за нејзиниот напад врз Украина

Европската унија ќе ја смета Москва одговорна за нејзиниот „неоправдан“ напад врз Украина, изјави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. „Во овие темни часови, нашите мисли се со Украина и со невините жени, мажи и деца кои се соочуваат со овој неиспровоциран напад и страв за своите животи“, напиша таа на Твитер. „Ќе бараме одговорност од Кремљ“, додаде фон дер Лајен. Лидерите на ЕУ подоцна денеска ќе одржат итен самит во Брисел, откако вчера стапи на сила првата рунда санкции на ЕУ против Русија.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни