Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сподели симпатична приказна од својата фарма и побара помош од јавноста за именување на две мали пилиња.
Како што напиша таа на социјалните мрежи, кокошката Чикелета немала лесен живот на фармата. Најчесто била сама, а другите кокошки ја малтретирале. Во еден момент почнала да лежи на јајца, иако немала свои.
Само три дена пред да се изведат, јајцата биле напуштени од кокошка на друга фарма. Тие биле префрлени во инкубатор, а од нив успеале да се изведат две пилиња.
Фон дер Лајен раскажува дека пилињата биле ставени под крилјата на Чикелета, која веднаш ги прифатила како свои.
„Таа ги стави под своите крилја и веднаш ги посвои“, напиша фон дер Лајен.
Денес, како што додава, трите кокошки се едно среќно семејство и се безбедни зад оградата, заштитени од грабливци.
Сега останува уште само едно – двете пилиња да добијат имиња. Фон дер Лајен ги повика своите следбеници да ги споделат предлозите во коментарите.