39-годишен пациент од Охрид е најмладиот кој денеска ја загуби битката со коронавирусот. Покрај него, уште 27 пациенти почнаа како последица од Ковид-19.
Деветмина од починатите се од Скопје, пет пациенти од Тетово, четири од Куманово, двајца од Гостивар, и по еден од Дебар, Штип, Струга, Велес, Охрид, Струмица, Кратово и Ресен.
Најстариот починат пациент е на 86 годишна возраст. Од сите 28 починати, двајца се починати вон болнички услови.
Вкупната бројка на починати од коронавирусот од почетокот на пандемијата во Македонија, изнесува 1658 лица.
The post Уште 28 лица ја загубија битката со коронавирусот, најмладиот на 39 години appeared first on TV21.mk.
