„Уште кога имаше две години приметивме дека не е како другите кучиња“ – Златен ретривер се запиша во Гинисовата книга на рекорди

Откако го собори светскиот рекорд за држење најмногу тениски топчиња во устата, златен ретривер по име Финли влезе во Гинисовата книга на рекорди. Седумгодишното куче успеа да стави дури шест топчиња меѓу забите во исто време.

Подвигот на Финли значи дека го срушил претходниот рекорд од пет топки, кој бил поставен пред 17 години, покрај тоа, неговиот рекорд го препознала и комисијата, пренесува „Мирор“.

Гордите сопственици Шери и Роб Молој и нивната ќерка Ерин се воодушевени од успехот на нивното куче и возбудени што Финли ќе добие награда за неговиот потфат.

Финли го има и својот Инстаграм профил, каде ја „сподели“ веста со своите 47.000 следбеници.

Одлични вести! Официјално можам да кажам дека сум во Гинисовата книга на рекорди за 2022 година. Ова, се разбира, не беше лесно и ми требаше цела вечност да ја совладам вештината.Им благодарам на сите мои пријатели и фанови кои ги следеа моите потфати со тениски топчиња од почетокот – се наведува на Инстаграм.

Семејството на Финли признава дека забележале дека може да собере многу топки одеднаш кога имал две години, но сега наместо да го бркаат со мобилни телефони, имаат писмена потврда за неговиот успех.