Свет

Уште половина милијарда евра и воена обука обезбедува ЕУ за Украина

Уште половина милијарда евра и воена обука обезбедува ЕУ за Украина

Советот на ЕУ соопшти дека денеска донел две одлуки посветени на поддршката на одбраната на Украина од нападот на Русија. Првата одлука создава мисија за обука на украинскиот воен персонал, а со втората се издвојуваат уште половина милијарда евра за вооружување на украинските сили.

Со новата сума, вкупната европска воена помош за Киев достигнува 3,1 милијарди евра. Од средствата доделени денеска само 10 милиони евра ќе бидат наменети за лична заштитна опрема, а останатите ќе бидат наменети за оружје. Се прецизира дека видот на помошта е во согласност со барањата на властите во Киев.

Новата мисија за обука има за цел да ги подобри одбранбените способности на украинските сили, како и координацијата на европската помош. Мисијата ќе работи во ЕУ, а нејзината команда ќе биде во Брисел. Првично се очекува мисијата да трае две години и да има буџет од близу 107 милиони евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни