Успешно трансплантиран бубрег од свињa на човек

Хирурзи од Њујорк направија успешно пресадување на бубрег од генетски модифицирано прасе на човек.

Според „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално.

Директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, истакна бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт.

Новиот орган почнал да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи“, рече докторот, и додава дека генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето.

„Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето на пресадениот орган“, вели професорот.