Уставни измени – втора фаза, опозицијата нема да даде поддршка

Предлагачот на Уставните измени, ги претстави четирите амандмани. Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на дневниот ред. Според нив, со ова власта не го почитува Уставот и волјата на граѓаните изразена на референдумот на 30 септември. Со 61 глас за нивниот предлог за повлекување на дневниот ред беше одбиен.

Премиерот Заев рече дека уставните измени ќе бидат вметнати во Уставот, само доколку Грција го заврши својот дел, односно го ратификува договорот од Преспа во нивниот парламент. Во спротивно, ништо нема да важи.

 Но, со ова не се согласија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие и понатаму велат дека договорот со Грција е штетен и дека е против националните интереси.

Реплицираше премиерот. Тој порача дека пратениците треба да го следат интересот на граѓаните и дека референдумот беше успешен.

Осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека ќе гласат воздржано за трите амандмани на денешната седница за предлог текстот на амандманите. Пленарната седница ќе продолжи 12 дена, поради тоа што за секој амандман е предвидена расправа од 3 дена. Во оваа фаза се потребни 61 глас. Измените се потребни за спроведување на Договорот со Грција за промена на уставното име на Македонија.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното