Македонија

Уставниот суд со подготвителна седница за Законот за јазици: Ќе бидат вклучени експерти, професори и партии

Уставниот суд со подготвителна седница за Законот за јазици: Ќе бидат вклучени експерти, професори и партии

Уставниот суд одлучи да одржи подготвителна седница посветена на Законот за јазици, на која ќе учествуваат експерти, универзитетски професори и претставници на политички партии. На седницата ќе се разгледуваат аргументите „за“ и „против“ уставноста на овој закон.

Предлогот за оваа постапка произлезе од судијката Елизабета Дуковска, која е известител за предметот. Според неа, ваквата отворена расправа ќе овозможи појасна и подетална анализа пред Уставниот суд да донесе конечна одлука.

Судијката Добрила Кацарска, пак, гласаше против оваа иницијатива, нагласувајќи дека Уставниот суд е единствениот надлежен орган кој треба да одлучува за уставноста на законите, без потреба од вклучување на надворешни учесници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни